речник контакт

Пастрмалијата е велешки бренд

Што за пастрмалијата рекоа Прљаво Казалиште, Раде Шербеџија, Наум Петрески, Нино Величковски, Миле Кузмановски. Во првите два дена изедени се 38,6 илјади пастрмалии, испиени 12 тони вино.

Петар Печков

Концертот на Прљаво Казалиште во саботата вечер, собра илјадници гости, не само од Велес туку и од повеќе градови на Македонија. Така  освен што се забавуваа се промовираше и велешката пита  пастрмалија,.Велешки бренд за кој има документ во турските архиви дека се подготвувал уште пред 145 години, во 1869-та година. Концертот беше дел од тридневната програма на 11-тата Питијада.  Неа ја вкусија и членовите на хрватскиот бенд, а  за кои ова беше новина.

Интересен вкус, новина за нас. Добра е. Ќе ја запомниме за следното наше доаѓање во Македонија – рече  Младен Бодалец, вокалот на групата.

Тие изјавија дека концертот во Велес беше со идентичен репертоар како и тој во средата во Загреб  на плоштадот Бан Јелачќиќ кога настапија   по повод Денот на независноста на Хрватска.  Судбината сакаше во Велес на Питијадата  да се сретнат загрепчани, членовите на Прљаво Казалиште   со сограѓанинот, со актерот и режисер Раде Шербеџија, кој во Велес се подготвува за  снимањето на неговиот нов филм. Тој не ја вкуси пастрмалијата.

Веќе подолго време не јадам масти, така што овој Ваш специјалитет, само можам да го гледам, но не и да го вкусам – рече Шербеџија.

Втората вечер според организаторот, градот го посетиле 20  илјади гости, а изедени се 28,6 илјади парчиња пити и испиени 7,2 тони вино.  Бројката е далеку поголема бидејќи дел од гостите пастрмалијата ја јадеа во локалите, не на отворено. За добрата забава се погрижија и бројни македонски фолк ѕвезди. Наум Петрески, Миле Кумановски. Блага Петреска, Академци, Ефто Пупиновски и Нино Величковски, немаа проблем со ставата за да јадат од питата.

Сум јадел пастрмалија и вечерва кога сум тука пак ја пробав, без оглед што на мене се познава дека може и претерувам со храна. Одлична е – рече Наум Петрески. Неговиот колега кумановецот  Нино Величковски питата ја јадел од мали нозе.

Мајка ми е  велешанка. Израснав на Прцорек, така што пастрмалијата не е ништо ново за мене. Ја јадам од мали нозе и секое доаѓање тука кај роднините, задолжително во зимо таа е на трпезата – вели Нино.  Нивниот колега Миле Кузмановски  не одолеа на вкусот на пастрмалијата.

Јас имам близок пријател, сопственик на ресторан и не можам да избегам од овој ваш специјалитет, кога ќе дојдам. Но убава е нема што – рече Миле.

И додека сите гости на манифестацијата не ја пропуштија можност да вкусат пастрмалија, тоа не му успеа на ѕвездата од Х фактор, Меид Хачимовиќ, кој под навалицата на младите обожавателки, мораше да се спасува со бегство со автомобил од Велес. Велешката пита пастрмалија за разлика од  останатите во земјава се подготвува со пастрма, тоа е сушено овчо месо, кое  е доста солено.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »