Петар Печков
Објавено: четврток, 13 октомври 2016
Волонтерите од општинскиот Црвен Крст на Велес ги пребројаа парите, кои гостите на Питијадата ги пуштаа во касата, во саботата од продажбата на ,,џиновската,, пита. Собрани се 2014 денари и 5 американски долари, или околу 2,3 илјади денари. Според информацијата од велешкиот Црвен крст, парите ќе бидат искористени за претстојната ,,Недела на гладот,,.
За потсетување годинашната ,,џиновска ,, пастрмалија имаше околу 55 кг, со должина од 3,7 м и широчина од еден метар, беше направена од 40 кг брашно, 50 кг месо донирано од Агрија и 580 јајца, подготвена од Фурна Којник,,. Или пазарно, мастрафот вреди околу 18.000 денари, плус печење и рака за изработка.
Забележливо дека дел од посетителите не донирале, туку само земале парче пастрмалија, јаделе а не платиле. Очигледно, годинава собраните пари се далеку од реалната вредност. Пастрмалијата се подели за 15-тина минути. Лани од продажбата беа собрани 2,2 илјади денари.
Tweet |