Петар Печков
Објавено: петок, 11 јануари 2019
Патиштата во поширокиот велешки регион, по наврнатиот снег се проодни, нема застој, но сообраќајот се одвива во зимски услови.
Од Центарот за управување со кризи кажаа дека нема никакви проблеми, кои надлежните служби ги регистрирале. Од Општина Велс информираа дека се чистат патиштата кон Иванковци и Мамутчево, кон Горно Оризари и Сујаклари, кон Бузалково а машините на Изгрев и Македонија пат се постојано на сообраќајниците. На нив се посипува сол за да снегот се стопи. И сообраќајот кон Јаболчиште, Богомила, Извор е без застој.
Од ЈКП Дервен информација дека на чистење на тротоарите се вклучени вработените од РЕ паркови и зеленило и од РЕ Комунална хигиена, кои посипуваат сол на повеќе локации во градот. Нивните вработени го одржуваат двата моста во Велес, како и приодните патишта до двете цркви, кои се исчистени и проодни.
Железничкиот сообраќај на Железничка станица Велес се одвива без задоцнувања, додека автобусите на Автобуска доаѓаат со мало задоцнување.
Tweet |