Петар Печков
Објавено: недела, 25 јули 2010
Доматот го одгледал градинарот Бубе и го продал во кафеаната ,,Царе,, каде чекаат да созрее и потоа да се искористи за салата.
Сигурно е дека ќе наполни повеќе чинии, бидејќи со неговата тежина е преголем за една. Уше отсега се најавиле повеќемина гости кои сакале да бидат услужени токму со овој домат.
Доматот поради тежината бил одгледуван со помошни средства кои го држеле на метар височина, за да не падне на земја, но морале уште зелен да го скинат, бидејќи постоела опасност да падне.
Така пропаднала можноста да порасне уште повеќе, до 2 кг, но и вака извесно е дека ќе биде најголемиот домат годинава на македонскиот пазар, верува сопственикот Бубо.
Tweet |