Петар Печков
Објавено: среда, 26 јули 2023
Жител на скопско Миладиновци, во патнички воз допрал малолетничка и пред повеќе од нви се самозадоволувал. Лицето е уапсено и му е одреден притвор.
„СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против З.П.(63 год) од село Миладиновци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека на 24.07.2023 во воз, кој сообраќај на релација Битола – Скопје, допирал по телото малолетничка и се самозадоволувал пред малолетнички“- соопштија од МВР.
Лицето било лишено од слобода истиот ден во 21 часот во возот, а на 25.07. му е поднесена пријавата и бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор
Tweet |