Петар Печков
Објавено: петок, 29 април 2011
Утринскиот патнички воз од Скопје за Битола во Велес стигна со 40 минутно задоцнување, бидејќи патник пушел во купето и не сакал да ја изгасне цигарата. Патниците кои се сведоци на настанот објаснуваат дека кондуктерот побарал до патникот, кога видел дека пуши, да ја изгасне цигарата и го почитува Законот за забрана на пушење.
На ова тој се спротивставил, по што реагирале другите патници во возот. Поради ова на железничката станица во Зелениково композицијата морала да чека 40-тина минути, додека дошла полиција која интервенирала и го отстранила недисциплинираното лице. Од Македонски железници го потврдија инцидентот и велат дека ова не е прв случај, патници да не се придржуваат на забраната за пушење.
Tweet |