Петар Печков
Објавено: петок, 30 август 2024
Патник кога се симнувал од автобус од јавен превоз, паднал и се здобил со скшеница на нога. Настанот се случил четвртокот наутро близу некогашната пекара на Интернационал. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 29. Август во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.М.(42 год) од Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, П.К. (89 год ) од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес“- соопшти Биљана Ѓаковска, портапрол на СВР Велес.
„Пациентот е донесен на оддел за ортопедија и трауматологија околу 9 часот, укажана е медицинска помош. Упатен кон оддел за радиодијагностика, направени се радиодијагностички прегледи на карлица, надколеница, како и Компјутерска томографија. Констатирана е фрактура на надколеница. Пациентот е задржан на понатамошен третман и лекување на оддел за ортопедија и трауматологија“ – соопшти Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.
По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Tweet |