Петар Печков
Објавено: среда, 27 декември 2017
Патнички воз, кој сообраќал на релацијата Велес - Скопје, вчера попладне удрил во камен. Нема повредени патници, но има материјална штета. Железничкиот сообраќај бил во прекин 75 минути.
На 26.12.2017 година во 15.10 часот, на дел од пругата помеѓу железничка станица Јане Сандански и железничка станица Драчево, патничкиот воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје наишол и удрил во поставени камења на шините. Од ударот дошло до оштетување на системот за кочење од што возот застанал. Во незгодата нема повредени патници и персонал. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 16.20 часот - информираа од МВР.
Иако често се случува на делот од пругата од Тетово до Кичево, поради поставување на камен на пругата, возовите да удираат во пречките, досега не се случило на делницата од Скопје до Велес, ваков инцидент, предизвикан од луѓето.
Tweet |