Петар Печков
Објавено: вторник, 29 декември 2015
Во вторникот наутро, воз удри во карпа на железничката пруга Велес - Богомила. Сообраќајот беше во прекин 5,5 часа а повредени нема. Според СВР Велес инцидентот се случил на железничката линија помеѓу селата Согле и Теово во 4,45 часот, кога патничкиот воз кој сообраќал на линија од Битола до Скопје, удрил во карпа која била падната на пругата.
Во сообраќајната незгода повредени нема, а констатирана е материјална штета на моторниот воз популарно наречен ,,шпанец,, но и оштетувања на пругата. Веднаш на лице место излегле вработени од Македонски железници, кои рачно ја искршиле карпата и сообраќајот беше повторно воспоставен во 10.15ч.
Во ноември месец дена беше во прекин железничкиот сообраќај откако карпа падна на делницата на станиците од Мартолци до Стари Град.
Tweet |