Петар Печков
Објавено: среда, 14 декември 2022
Патничкиот воз од Скопје за Гевгелија, се расипа на Железничка станица Зелениково, патниците два час чекаат решение од Македонски железници. Меѓу стотината патници и дваесетина ученици од економското училиште кои денес биле на практична настава во Скопје. За овој настан зборуваат патниците од возот.
„Уште од тргнување возот, од новите т.н. „Кинески“ не беше нешто во ред, сецкаше не возеше нормално. Тргневме на време во 16,55ч. По половина час во Зелениково не можеше да тргне и тука бевме два часа, Ветуваа ќе дојде друг воз, па чекавме да продолжиме за Велес, но ништо од сето тоа. Не вратија до Скопје и сега сме во патничкиот за Битола, кој поаѓа во 20,05ч. во Велес треба да бидеме во 21ч. наместо во 17,45 Не знам што и како со патниците за Гевгелија, Неготино, Деми Капија. Знам дека во возот има група деца ученици од Економска, кои биле некаде на пракса. Им беше страв, оти возот снемуваше струја, па ладно. вода нема..“ - кажа патник кој се превезува со овој патнички воз.
Од МЖ Транспорт претпладенво објаснија, дека патничкиот воз од Скопеј за Гевгелија, кој се расипал во Железничка станица Зелениково, бил повлечен до Железничка станица Драчево. Од таму со друг патнички во, го продолжил патувањето за Велес и Гевгелија. Во Велес стигнал околу 20,15ч.
Tweet |