речник контакт

Патничките возови од Скопје кон Велес, Битола и Гевгелија нема да сообраќаат десетина дена

Причина е завршната реконструкција на делницата Скопје – Зелениково

Петар Печков

Од понеделник 22 јуни до први јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопја во правец на Велес, Гевгелија и Битола. Десет дена  нема да има железнички сообраќај кон овие три града, бидејќи ќе се изведуваат градежни работи.

„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите“ – соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура. 

Нема да сообраќа дури ни патничкиот воз кој напладне сообраќаше од Битола во12:46 и веднаш по пристигнувањето во Велес во 15,25 се враќаше назад, иако не ја минува релацијата која се реконструира Скопје – Зелениково. 

Овие десет дена во Македонија ќе сообраќаат само двата патнички воза, утринскиот и пладневниот  кон Куманово и исто толку назад кон Скопје.    

Последните две седмици патничките возови кон Гевгелија бележеа огромно задоцнување, по два три часа.

Се случуваше утринскиот од Скопје  наместо во 7:22 ч да мине низ Велес во 11:35  а вечерниот наместо во 7:40 да замине во 9;15ч. Имаше денови кога попладневниот воз од Скопје не замина за Гевгелија  со тоа и утринскиот од Гевгелија за Скопје да не сообраќа. За ова одговор не дадоа ниту од  ЈП МЖ Инфраструктура ниту од АД МЖ Транспорт.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »