Петар Печков
Објавено: петок, 31 јануари 2020
Локалната власт неодамна до локалитетот Пешти изгради асфалтиран пат во должина од 2,6 км. Градоначалникот Коцевски најави дека планира, тој да биде во еден дел од денот велосипедска патека.
Ќе побарам од МВР да даде согласност овој пат да го прогласат за велосипедска патека. Така би го користеле рекреативци, а во еден дел наутро и навечер би го користеле и автомобили - рече Коцевски.
Тој најави дека велосипедска патека ќе има и на улица Алексо Демниевски Бауман од крстосницата кај Жито Вардар до Железничка станица, која делница треба да биде и еднонасочна. Но тоа отвора дилеми колку оваа велосипедска патека би била корисна, бидејќи е во индустриска зона.
Тука сообраќаат тешки возила кои возат стока на Маслодајна, Леов, Сокомак, возат до Колска, Пододекор, стовариште на Железничка станица и имаат емисија на издувни гасови. Како и дали улицата Васа Кошулчева ќе има капацитет да ги издржи овие камиони бидејќи е потесна но и мине низ населба.
Да тоа е индустриска зона, но води кон Железничка станица. Сега е тенденција во светот, да во возовите се примаат и велосипеди. Од тие причини сакавме да ова улица има и велосипедска патека. Улицата Васа Кошулчева е доволно широка да ги прими возилата - одговори Коцевски на дилемите кои се јавуваат со означување на велосипедска патека на улица, која е во индустриска зона.
Tweet |