Петар Печков
Објавено: петок, 28 јуни 2019
Петнаесет месеци ништо не е преземено за оспособување на регионалниот пат Велес- Градско, близу вливот на реката Тополка во Вардар. На 13 март лани падна карпа од ридот Цуцка, која го блокираше сообраќајот. Тој беше во прекин до 5-ти април кога карпата се отстрани, но оштетениот пат на излезот од Велес остана.
Тогаш надлежните ветија дека решавањето на проблемот ќе биде во две етапи, првата отстранувањето на карпите се случи, но никако втората - да се уреди коловозот и санира карпата. Така повеќе од една година сообраќајот тука се одвив на една коловозна лента, бидејќи втората е штетена.
Премногу долго се чека на санацијана патот но и на карпата од Цуцка. Секое проаѓање тука, буди лоши чувства, што ако пак нешто се случи, се одрони карпа. Мина доволно време за да се извршеше ветената санација - велат велешани кои тука секојдневно минуваат до работените места, дали во Крзнарата или во месната индустрија ,,Агриа,,.Овој пат го користат и сите автобуски, полни со патници кои доаѓаат или заминуваат од Велес.
Бидејќи станува збор за регионален пат Велес - Градско, тој е во надлежност на Јавното Претпријатие за Државни Патишта (ЈПДП). Од таму најавуваат дека санацијата на свлечиште -одронот на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско транзитен дел низ Велес е предвидена во планот за јавни набавки за оваа година.
Во тек е постапка за изработка на техничка документација за санација на предметното свлечиште и санација на патот. По добивањето на ревидираната техничка документација, ЈП за државни патишта ќе ја започне постапката за јавна набавка за избор на изведувач- пишува во писмената информација на ЈПДП.
Tweet |