Петар Печков
Објавено: вторник, 11 декември 2018
Патувачката изложба ,,100 години од Македонскиот фронт - секојдневниот живот на линијата на фронтот,, е отворена во медиотеката на Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, во Велес.
Подготвена е од Асоцијација на наставници по историја на Македонија АИНМ. На 10 паноа се прикажани сведоштва текстуални и визуелни од Македонскиот фронт кои даваат слика за секојдневниот живот на линијата на фронтот.
Акцентот на изложбата е ставен врз секојдневниот живот на обичните луѓе, особено на цивилното на населението кое било зафатено во виорот на војната и без своја волја. Ова е еден од најтрагичните настани кои се случиле на подрачјето на Македонија. И затоа преку овие паноа, сведоштва дава дух на времето, луѓето и во војна морале да живеат, да се потсетиме на минатото, тоа да не се повтори. Таа не ги толкува воените збиднувања туку за обичниот човек кој ретко се споменува во книгите - кажа Миле Младеновски претседател на АИНМ.
Изложбата беше и ќе биде поставена во повеќе градови низ земјава а финансиски е поддржана од Министерството за култура. Поддршка на именувањето Македонски , не Солунски фронт два и историчарот и професор м-р Веле Алексовски, кои ја изучувал македонската историја низ француските документи.
Во сите Француски книги овој фронт се води како Македонски и тој во еден дел минува низ денешната границата на Македонија и Грција. Французите Прва Светска војна ја викаат Големата војна. Тој Солунски фронт се нарекува кај Србите, Бугарите. Дури и овде на паноата видовме српски документи од 1916 година кои го водат како Македонски фронт. Да посетам дека 600 илјади војници од Централните сили со команда во Скопје и Градско а од Антантата имало 700 илјади војници. Има погребано четворица млади марокански војници во Горно Јаболчиште. На Првата Светска војна има загинато околу 60 илјади Македонци а 120 илјади се бореле во Бугарската армија и 80 илјади во Српската армија - потсети Алексовски.
Tweet |