речник контакт

Пациент во велешката болница се запалил и починал

Полицијата ќе истражува како се запалил пациентот

Петар Печков

Петокот попладне велешанецот Стефан Т. ( 84 год) се запалил во Општата Болница во Велес  а од здобиените повреди подоцна и починал. Тој бил пациент во заразното одделение и таму бил хоспитализиран од почетокот на седмицата. Докторите и сестрите, кои биле на смена, го гаснеле човекот кој  бил во  пламен со вода и ќебиња. Полицијата  го потврдува настанот и испитува како дошло до него, а завршил со смртни последици.

Во полициската станица Велес е пријавено дека во 15, 25ч. во Општата Болница во Велес, во заразното  одделение има пациент во пламен. Тој во  моментот бил во тоалетот од една од собите. Веднаш е интервенирано од страна на медицинскиот персонал и  пламенот го гаселе со вода и  ќебиња - изјавија од СВР Велес.

 Откако г огнот бил изгаснат од пациентот,  тој бил префрлен на хируршкото одделение на велешката  Болница но поради високиот степен на изгореници, итрно пренесен е во Градската Болница  Св. наум Охридски в о Скопје. Стефан Т. подоцна од здобиените опекотини  таму и  починал.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »