Петар Печков
Објавено: петок, 04 март 2022
Докторите од приватното здравство денес протестираа, беа на работа но амбулантите беа празни и немаше пациенти. Таква била состојбата во повеќето градови од земјава, освен во Скопје. Пациенти го почитуваа протестот на матичните доктори и приватните лекари од секундарното здравство.
„Со сите градови пациенти го почитуваа протестот. Во Скопје имало поголем број на интервенции, повеќе итни случаи, разбирливо поголем град. Во сите останатите координаторите кажаа дека немало реакции од пациентите“ кажа д-р- Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари( ЗПЛМ).
Во Битола пациенти кога дознале за протестот, во четвртокот биле кај нивните матични доктори и ги препишале потребните лекарства, па имало поголема фреквенција во аптеките. Протестот без проблеми се одвива и во Тетово и Куманово.
„Пријатно сме изненадени од одѕивот на пациентите, тие не доаѓаат во амбулантите. Изминати две години кога беше најтешко, знаат дека матичните лекари беа со нив 24 часа, немавме работно време и веројатно благодарноста ја искажаа на овој начин, со поддршка за нашите проблеми“ - кажа д-р Ѓоре Дервишов.
Приватните лекари како итни проблеми, бараат да се почне да се разговара за режимот за препишување на лекови, за покачување на вредноста на капитацијата. За нив беше договорено да се формираат работни групи и со Министерството за здравство и со Фондот за Здравство, но во рокот кој надлежните здравствени власти сами со го дадоа, не го почитуваа. Заменикот министер за здравство потврди дека една тетина, околу 500 лекари од приватното здравство, примаат минимална плата, од 1,4 илјади нејзини членови.
Tweet |