речник контакт

Пациентите останаа без лекување по невремето

Десетина приватни ординации не можеа два дена да работат оти немаа интернет

Петар Печков

Двојното невреме кое го зафати Велес во попладневните часови понеделникот и вторникот, влијаеше и  на давањето  на здравствени услуги. Дел од пациенти од Велес имаа мака да ги добијат неопходните здравствени третмани оти приватните доктори од примарното здравство немаа интернет. Невремето ги исклучило од системот на еден од  операторите, поради што тие не беа во можност да работат со  пациенти.  Некаде околу   десетина приватни  доктори го почувствуваа револтот на  пациентите.

Бидејќи целосно здравството е електронски од издавање на рецепт, закажување на термин и се натаму, два дена не можевме пациентите да им  укажеме потребна  нега. Не работеше интернет, ние не бевме во врска со здравствениот систем и се создадоа милион проблеми – вели приватна докторка од Велес. 

Лекарите биле во мака  како да им објаснат на пациентите дека не можат да напишат ниту најобичен рецепт или  упат  за натамошно лекување. Чекајќи ги вработените од кабелскиот оператор да им воспостават врска, минале некаде и 24 часа, зошто во здравството е голем интервал.    

Или ќе го менуваме операторот или ќе ни ја надоместат штетата, не нас туку на пациентите, бидејќи ова често се  повторува – вели друг приватен доктор од примарното здравство. На некои доктори пак им прегореле компјутерите од ударот на гром. Така невремето од почетокот на седмицата, се одрази и врз здравјето на велешани. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »