речник контакт

Пациентка која се излекувале од ракот на дојка им порача на жените кои заболеле да не очајуваат и храбро се борат а на државата да обезбеди термини и терапии навреме

Започнаа активностите за „розев октомври“ месец за борба на ракот на дојка

Петар Печков

Податоците покажуваат дека илјада жени годишно во Македонија заболуваат од ракот на дојката.  Свеста не треба да застане кај розовите панделки - треба да не потсети дека треба да направиме преглед.
Ракот на дојката се лекува ако е откриен навреме.

Ова беше пораката која се испрати од денешниот настан во Велес, организиран за подигање на свеста кај жените во борбата против ракот на дојката во месец октовмри, кој поради тоа е наречен „розев октомври“.  Велешанка која се излекувала, испрати двојна порака.

„Бев исплашена кога ми ја кажаа дијагнозата. Со голема борба која траеше три години  успеав да продолжи животот. Туморот беше многу голем, беше потребна  хемотерапија да се намали, па потоа ме оперираа, па одев на зрачење.Сега се чувстувам добро.  До жените кои ја имаат оваа болест е да не очајуваат, да не се предаваат, таа може да се победи, да имаат волја за живот, болеста е иста како и другите. Порака до здравствените институции, дајте ни термини, дајте мамограф, дајте контроли, дајте терапии,  за да можеме навреме да се прегледаме, да не биде доцна. Нема термини“ – кажа Руска Јанковска, велешанка поранешна вработена во Порцеланка. 

Во колона жените заедно со млади девојки минаа по велешките улици, делејќи флаери, за да се подигне свеста за заштита од ракот на дојка. Организатор беше Организацијата на жени од Велес, помогната со Младинскиот центар.  

„Имаме дружење на жените, размена на искуства за нивниот здравствен проблем. Розевата паднелка е потсетник дека треба да се направи преглед, самопреглед, мамографија, ехо. Бројките загрижуваат, се повеќе жени се соочуваат со овој проблем, старосната граница секоја година се намалува. Најважно е подигањето на свеста кај жената, да си посветуваат сами на себе внимание. Пациентите се жалат дека немаат навремени терапии,  државата мора да ја надмине оваа стостојба“ -  рече Мирјана Трајкова претседател на Организацијата на жени Велес. 

Во текот на овој месец ќе се одржи трибина со предавање на докторки специјалистки за ракот на дојка  на 21 октомври во Европската куќа во Велес и    рекреативна трка на жените,  сабота  на на 10 октовмри.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »