Петар Печков
Објавено: сабота, 10 јули 2021
Пациентот од велешко село, кој беше позитивен на делта сојот од ковид-19, од вчера се води како оздравен и е пуштен дома, откако 11 дене беше хоспитализиран во Инфективното одделениe оd велешката Болница.
„Во моментов на Инфективно одделение нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни. Кај пациентот кај кој беше детектиран делта сој, во текот на вчерашниот ден земен е контролен брис, истиот е негативен и е испишан од болничко лекување“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешката Болница. Со ова останува уште еден активен случај во велешко.
Лицето кое беше позитивно на делата сојот, од корана вирусот, е на 43 годишна возрат, од велешко село, кој се вратил од Англија на 21 јуни а во Болница бил од 28-ми јуни. Тој имал контакт само со сопругата и полесна клиничка слика.
Денес сабота, на прашaње од новинарите министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека нема нови случаи со делта сојот во Македонија.
Tweet |