речник контакт

Пациентот со „делтa сој“ на ковид-19, имал контакт само со сопругата

Лицето е од велешко село и досега нема друго лице, вклучувајќи ја и неговата сопруга кои покажале симптоми, иако периодот на инкубација поминал

Петар Печков

Нема место за паника, лицето кое има „делта сој“ на ковид-19  го минал периодот кога можел да го пренесе вирусот, но засега не е регистриран ниту еден  нов случај во велешко, порачуваат здравствените работници. Тој единствено комуницирал со сопругата, по враќањето од Англија. Станува збор за пациент на 43 годишна возраст, од велешко село.  

„Лицето е во добра општа состојба,  на почетокот имал  кашлица, малку температура. По враќањето имал контакт само со сопругата, која веднаш беше  ставена во изолација. И по толку денови, кај неа нема симптоми, иако велат дека овој сој е повеќе заразен. Како симптоми заразеното лице,  се пожалил на кашлица и температура, матичниот кога дознал дека се вратил од Англија, веднаш го пратил на Инфективно“  - кажа епидемиолог  прим д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес.

Пациентот се вратил од Англија на 21 јуни, од 28-ми е примен на Инфективно одделение. Следната седмица ќе биде тестиран дали е негативен, за да биде пуштен од Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »