Петар Печков
Објавено: петок, 23 јануари 2015
Четвртокот напладне голем блок од фасадата на т.н Свиларска зграда, спорти пошта падна пред вчудоневедените минувачи. Тие беа преплашени и зачудени од овој настан, кој според нив можел да има и лоша разрешница.
Минував кога наеднаш нешто силно тресна зад мене. На половина метар видов голем блок цемент, дел од фасадата. Беше голем и треба да сум среќен што не ме погоди. Не сакам, да размислувам што ќе беше ако беше - вели еден од неколкуминта минувачи, кои тврди дека ова бил нивен среќен ден.
На земја беа делови од парчето од фасадата која паднала од десетина метри висина. И навистина минувачите кои го искористија сончевото време, имале среќа што големиот блок ги промашил, за малку ама ги промашил. Еден од сопствениците на дуќаните во приземјето посочува дека дел од станарите не го почитуваат комуналниот ред.
Иако е забрането да се полева вода од балконите, тоа често се случува. Погледнет како изгеда фасадата. Тоа е резултат на оштетувањата од вода - вели соговорникот.
При вакви оштетувања, согласно законот за домување, станарите сами треба да ги санираат.
Tweet |