Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2013
Во општинската зграда се одржа педагошката работилница која беше наменета за стручната служба, директорите и наставниците, во средните и основни училишта од градот. Темата беше. „Компетенциите во организација на образовниот процес“ и „Изготвување на полугодишен извештај за учебната 2013/2014 год.“
Со ова предавање се подигнува образовното ниво на педагошката работа од училница, на доживотното учење. Наставниот кадар не само што ги оспособува со знаења и учениците да ги помнат фактите, туку треба да имаат можност вештини и способности да се снајдат во користењето на своите знаење во животниот процес – изјави Божидар Јовиќ од овластен просветен инспектор од општина Велес.
Со ова предaвање завршува неговиот работен век, бидејќи Јовиќ за некој ден заминува во пензија.
Tweet |