Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јули 2020
Во новата наставна академска година, на есен на Техничко- технолошкиот Факултет во Велес ќе бидат запишани 40 редовни и 10 вонредни студенти.
Ова се бројките објавени во конкурсот за упис на бруцоши на единствениот факултет кој работи и постои со седиште во Велес.
ТТФ е во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Според конкурсот на отсекот прехранбена технологија и биотехнологија има 20 слободни места, исто толку на отсекот нутриционизам.
На овие две насоки ќе се запишат и по пет вонредни студенти. Наставата трае осум семестри. Партиципација за упис во прва година за редовните студенти е 200 евра а за вонредните 400 евра.
Пријавување на кандидатите е од 27 до 31 август и 1-ви септември, вториот уписен рок е на 14-ти и 15-ти септември и третиот на 24т- септември.
Оваа бројка на студенти кои ќе бидат запишани во прва година од наставната 2020/21-ва година е иста како ланската, и истата е според Одлуката на Владата за бројот на студенти за запишување во прва година - прв циклус студии на јавните високообразовни установи на Универзитетите во земјава.
Tweet |