Петар Печков
Објавено: вторник, 28 април 2020
Тетовската компанија „Еколог“ и сопствениците семејството Дестани денес на дел од велешките деца, од ранливите категории им доделија 50 таблети. Донацијата беше врачена на локалната власт, која пак презема обврска да ги распредели таблетите, на учениците на кои им требаат, а ги немаат.
Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на Ковид-19, е да се осигуриме дека иднината на оваа земја, децата, ja продолжуваат наставата без пречки рече филантропот Лазим Дестани.
Донацијата на Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски му ја врачи Абрахам Сабах, директор во компанијата „Еколог“ со седиште во Тетово.
Користам прилика во мое име, во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните на Велес, особено во име на родителите на учениците од социјално ранливите категории да упатам искрена благодарност до компанијата „Еколог“ од Тетово, особено до семејството Дестани и да ја пофалам нивната општествена одговорност и нивната голема донација - изјави градоначалникот Коцевски во изјава за медиумите.
Тој ја информираше јавноста дека во Велес има 403 ученици, во најголем дел од основните училишта, но и во средните училишта кои не можат да ја следат онлајн наставата.
Очекува дека и д руги компании од земјава, особено од Велес ќе го следат овој пример и ќе придонесат да се обезбедат што повеќе таблети за да може учениците да ја следат наставата. Компанијата „Еколог“ досега обезбеди околу 4000 таблети за децата во општините во земјава.
Tweet |