речник контакт

Педо и Филе

Дуље и Коќи у Down Town... ај замисли која журка!

Зоран Николов

Ако не сте следбеник на движењето за отпор од кич и музика за ултраниска класа, можеби почетокот на текстов ќе ви биде клише и можеби и нема ни да продолжите понатаму да читате. Во тој случај нема никогаш да сфатите што е кич. Зошто да верувам во правилото дека една глупа песна повторена 10.000 пати треба да стане добра?

Као прво, сѐ најубаво (јез да пак сѐ ќе биде жими к*ров) у Новаа година и на сите желби да им го опн... Помина и таа новогодишна еуфорија исполнета со огромни количини алкохол, сувомесно, торти, баклави, турбо, ¾ голи цури, запотени пешковци што стално сакаат да бркаат ново пилешко, раце горе, кич сѐ живо што едноставно те (ме) гуши... и барам ауспух за да земам воздух... Пуштам телевизија, нема ниеден канал без окрш музика и пластифицирани мороник голи невевчиња што го „креваат” рејтингот на телевизијата пропорционално со нивните поткренати газовни парталчиња. Дома секако се пичи 24-7 Поздрави Је Поздрави, Сојчице Девојчице Јух Јух Са Са и остали БК блесоци. Ова нашиве пробаат да имитираат, леле кое фијаско... Статистика: во секоја трета од две куќи има пуштено Пинк Пантер ТВ. А таму се знае... Курви што го фрустрираат сиромашкиот ни народ насушен… И тоа не е сѐ: има наградни игри 0500… Дајте порномузика, поарна е…

Добро де, ај ќе одиме на Педо и Филе на журка во Down Town и да се смени нешто, кога не иде друго… Ај влеговме и се стросавме некако во гужвата, тоа беше добро… Ај ја смикса Чучука со СамрЏем, ај се трпи… И Бијонс со БлаБла исто така… Загушливо многу, изгледа одамна неам дојдено… или стареам… И ТААААП! Се сече ком’рш‘л битот и некој вика Ај среќна нова година или така нешто и додека сфатам дека се Дилдо и Курки на сцена, почнаа со Аца Лукас зашто си плакала, раце сите горе, иљадниците во глутницата као разулавени се разрикаа и почна да копа на пива, Red Bull и отров мишка… Класичниот дибек би рекол ЛЕЛЕАМАЕЛУДНИЦААААА! А мене песнава многу ми значи, у срце ме прободува… Во моментот кога помислив дека цел Велес и околина се тука, дека нема човек шо не пуши и дека полошо не може да биде – на ред на репертоар иде супермен (намерно не е со голема буква ради авторски права, оти Кристофер Рив ако знае, ќе се превртува во гробот). Абе јез да сум од Велес, ама ова не едноставно не можев да го инхалирам!!! Во досегашната „кариера” овие двајца тиквари не еволуирале ни сантим од мотивот да прцнат некое младо п*че и од пустата желба за лесни пари! Барем да почнеа со некоја од тие ретките нивни, со марамата, Само ме чуди тоа што сите романтик протурбо ориентирани цури ги обожаваат поради „Леле многу е убав” и имаат постери залепено од нив, а немаат ништо со што би се пофалиле освен со виолината и гитарата што се апсолутно OUT! Ми се сруши и онака бледата слика за нив дека не се способни за повеќе. Да тибам тоа тезгарошите, за нив дадов цеееели 100 денари влез, срце ме гребе! Тоа е тоа, ефтини финти продаваат, за повеќе и не се способни. А ако сакам тезга, ќе одам да ги слушам Роберт и Були во Тарантино! Па добро бе, бива ли толку да е отруена младинава со шабанизмов, па не знае друг начин на забава? Им завидувам на оние што биле на Tiesto или на AC/DC или на Love Parade, а не тука Једном сам вооољеелаааааа, како таа цицкоматот да е тука и на публиката и се перчат со туѓи пердуви… ААААААХХХ не се живее, мене место не ме фаќа и му викам на конобарот колку треба да се плати за да биде денес вчера, јас бегам и одам на слушалки за да преживеам. Смрт шабанизма, слобода музику!

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »