Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2019
Петокот попладне се потпалила внатрешноста на еден од силосите на велешка ,,Маслодајна,,. Фотографиите од чад, кој се појавил особено во неделата вечер, ги алармираше велешани. Тие преку социјалните мрежи бараат одговор за тоа што се случува во градот. Некој од нив се жалеа и на непријатна миризба. Наспроти ова, мерните инструменти на Министерството за животна средина, за овие три дена не покажуваат високи вредности на чад и сулфурдвеоксид во Велес.
Петокот 20 септември околу 14 часот во СВР Велес било пријавено дека во кругот на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес настанал пожар во еден од силосите во кој имало околу 200 тона сончогледови пелети - информираа од СВР Велес.
Од ТТПЕ објснуваат дека не станувало збор за класичен оган, туку тлеење, процес кој настанал сам.
Во силосите не може да се влезе и да се изнесат пелетите, туку тоа се работи преку мала врата, отвор кој ја отежнува работата. Три дена на местото на настанот се сите вработени, вклучувајќи го и директорот Лазов, кој неуморно сам изнесува од пелетите од силосот. И се додека не се отстранат сите пелети, ќе се јавува пареа, која е резултат на полевањето со вода на потпалените брикети. Тоа може да потрае уште два-три дена - изјави соговрник, кој сакаше да остане анонимен.
Жестоки се реакциите на нашите сограѓани на социјалните мрежи и сосем се оправдани. Во Велес еколошката свест е многу висока и јас целосно ги разбирам. Загадувачот, во конректниот случај фабриката за масло „Благој Ѓорев“ спротивно од одредбите од интегрираната дозвола не ја извести општината за немилиот настан кој се случи во петокот. Во силосите настанал пожар од пелети од лушпа од сончоглед. Исвестени се МВР и ТППЕ, постапено е, но пожарот сеуште тлее, затоа што не може така брзо да се згасне - изјави градоначалникот Аце Коцевски.
Tweet |