Петар Печков
Објавено: недела, 30 март 2014
Кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија Стево Пендаровски од Велес кампањата ја продолжи со нов, граѓански концепт, како што го најавија од неговиот штаб. Тој е интерактивен со прашања од присутните на митингот и оти тој на овој начин сакал дебата и не бегал од неа, како други кандидати. На прашањето како го доживеа овој ден од кампањата, со посетата на велешко и Свети Николе, Пендаровски одговори ,,жално, мачно и тажно,,.
Слушнав дека тутунот не се откупува и не се потпишуваат нови договори, оти производителите се членови на друга политичка партија, не на оваа која е на власт. Слушав чемерни приказни на стечајци, кои не ги фаќа новиот Закон оти не се ,,нивни,, членови.. Слушнав жални приказни на социјални случаи кои не го добиваат бедните 2-3 илјади денари, оти не се членови на партијата на власт. Имаме нивни и наши граѓани на Македонија. Ова е лошо за иднината за тие што останавме во земјава, оти овие делби се погубни – рече Пендаровски.
Може ли да смени нешто претседателот на Р. Македонија со ограничените можности кои му ги дава Законот и зошто реши да се вклучи во оваа трка беа прашањата за Пендаровски. .
Ова е теза на овие кои немаат добар кандидат. Тоа што не го пишува во Уставот лежи во неговиот морален кредибилитет. Изминатите пет години имавме за претседател човек кој на знаеше да ги користи деветте члена кои му се дадени. Во политиката сум 15 години и не можев повеќе да гледам како се измачува мојата земја. Мачно е да се види како не можеме да мрднеме од дното на Балканот, кој е најсиромашен во Европа. Ќе се обидам да дадам скромен придонес Македонија да заврти нова страница во историјата, не овој кој води во минатото – одговори Пендаровски. Тој ги повтори неговите тези за економијата, демократијата и демографијата.
Македонија последните две години е најголемата мизерија во Европа. По сите економски параметри сме на опашката на Балканот. По демографија го живееме мрачниот сон. Според статистката последните пет години од Македонија се иселиле повеќе луѓе, има одлив на млади лица, повеќе отколку во првите пет години од создавањето на државата. Тоа зборува за надежта со која луѓето живеат тука. Со човековите слободи и права стасавме на дното. За прв пат во 24 години држава добивме политички затвореници, затворивме политички лидер во монтиран судски процес. Време е затоа да завртиме нова страница и на претстојните избори да им кажеме збогум на овие кои се на власт. Не е бидно дали Пендаровски ќе биде новиот претседател, важно е да ја кренеме Македонија од дното каде падна последните години– порача Пендаровски.
платен политички простор
Tweet |