речник контакт

Пензионер нацрта стрип за Џинот

Богдан Николиќ од Скопје го претстави на стрип салонот во Велес

Петар Печков

Член  на Ликовната секција од Дневниот центар за стари лица  на  Цревниот крст од Скопје нацрта стрип посветен на македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов Џинот. Тој беше претставен на стрип салонот одржан неодамна во Велес. Автор на сценариото е Стојанче Тоциновски, технички го уреди Страше Јованов  а го нацрта Богдан  Николиќ.

Стрипот го работевме два-три месеци. Го нацртав на шест табаци и во него е раскажан животот на Џинот. Бидејќи имаме време како пензионери во големи количини и се решивме да оставиме нешто зад нас но и да се пробаме во оваа уметност. Да кажам дека авторот на сценариото Тоциновски не е од нашиот Центар, тој е млад автор, кој ни помогна во реализацијата  – рече  Николиќ.

Тој најави дека заедно  со останатите  автори   на ,,Џинот,,  веќе планираат да работа нов стрип, со мотиви од македонската историја.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »