речник контакт

Пензионерите во редица за гратис возење

Секој вторник претпладне се повтуваат ваквите слики

Петар Печков

Велешките пензионери максимално го користат бесплатниот градски превоз. Ова е случај секој вторник во терминот од 8 до 11ч.

Тогаш има и редици за да се влезе во автобусот и да ги превезе до Нова населба, Железничка, Тунел до каде најчесто пензионерите патуваат.  

Но тие посочуваат дека очекуваат дека бесплатен градски превоз ќе   имаат и повеќе, во други  денови и други термини. 

Потребно е бесплатен градски превоз да има повеќе, не само три часа во текот на неделата. И сами гледате колкумина пензионери  го користат, може да е пушти и во другите  пазарни денови, петок недела- велат велешките пензионери. 

Пензионерите пак од Горно Оризари исто така бараат бесплатен превоз до градот. Со слично барање се и пензионерите од селата во околината на Велес, каде има автобуски превоз.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »