Петар Печков
Објавено: петок, 13 октомври 2023
Вчеравечер, четврток, пензионерите протестираа барајќи повисоки пензии, при тоа го сопреа сообраќајот по улицата 8 Септември од Сармаале до НАМА. На ој начин го изразија нивниот револт од ниските пензии да дел од корисниците.
„За жал само 200-300 пензионери, постојано присутни на секој протест. Без оглед на се продолжуваме понатаму. ВО текот на вчерашниот ден, делегација на Иницијативниот одбор одржа состанок со делацијата на ОБСЕ во Скопје, кои покажаа интерес за мотивите на протестите на пензионерите. Оти ова е редок случај кога пензионерите излегле на улица, да бараат достоен живот. Вторник го сопираме сообраќајот кај споменикот на Панко Брашнар во Нова населба. Инфлацијата ги изеде тие 3,5 илјади кои ги баравме, сега е 5 илјади денари линеарно покачување. Минимална пензија да биде 20 илјади денари. Планираме два големи протести, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Американска амбасада исто така во Скопје“- рече Кире Василевски секретар на Сојузот на пензионери за достоен живот.
Tweet |