Петар Печков
Објавено: четврток, 14 септември 2023
Дел од велешките пензионери вчеравечер одржаа протест за висината на пензиите кои тие ги добиваат. Тој се одржа на летната сцена на Младинскиот парк.
Главните барања остануваат и се исти како и претходните собири, линеарно покачување од 3,5 илјади денари и минимална пензија од 18 илјади денари. Пензионираниот актер Страшо Милошевски од Пробиштип,, имаше повеќе пораки.
„Ако имаше парола -пролетери од сите земји обединете се, јас повикувам пензионери од сите градови обидените се. Нас историја ни се повторува, се додека не се обидинеме, оти може да исчезнеме. Затоа доаѓам од Пробиштип. Носам порака за достоинствен живот. Тоа ни следи и треба да си го бараме. Секој министер има платежна картичка со која можат да ги јадат најскапите јадења, во висина многу поголема од ниската пензија. Дали знаете дека во Македонија има 183 амбулантни возила наспроти 2.600 луксузни службени возила кои се користат из а приватни и партиски цели. Дали знаете дека минималната пензија се покачи последните три години за 2,250 денари а максималната за 16 илјади денари. Е тоа создава социјални разлики кај пензионерите, некој да имаат да претекува а некој да немаат ни за леб. Затоа бараме линеарно покачување и минимална пензија, тие разлики да се намалат, на штета на сиромашните пензионери. Во земјава владее силата наместо умот “ кажа Милошевски.
Велешанецот Никола Бисинов ги повика присутните масовно да дојдат на протестот закажан за среда 20 септември во 11ч. пред Владата во Скопје.
Кире Василевски, член на иницијативниот одбор од Велес, за повисоки пензии, кажа дека оваа седмица имал средба со Владиката на Повардарска епархија Агатангел, од кого добиле поддршка за нивните протести и барања.
Tweet |