Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јануари 2014
Со новата систематизација на работните места во МВР, во Секторот за внатрешни работи Велес изминатиот период имало реорганизација на дел од раководните кадри. При тоа извршени се следните промени.
На местото помошник началник на СВР Велес распореден е Стеван Димитриевиќ, претходно на местото виш советник за внатрешна контрола и професионални стандарди. Тој доаѓа на местото до Гоце Павлов.
Наместо началник на крим полиција распореден е Трајче Камчев, претходно на работно место раководител на надворешна канцеларија за криминалистички работи во Неготино на местото од Глигор Јангеловски .
На местото началник на одделение за полиција е распореден Ненко Александров, претходно раководител на отсек за превенција( Униформираниот дел од полицијата) Блажо Илиев.
Tweet |