речник контакт

Персонални тренери има но потребно е здружението да ги координира

Во градот има голем интерес и потреба за персонални тренери на лицата со попреченост

Петар Печков

Родителите на лицата со попреченост бараат нивните деца да добијат персонални асистенти. За нив ова ќе биде олеснување и можност да имаат време и за свој сопствен живот и исполнување на домашните обврски. Ова прашање го актуализираа од Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. 

20-30 лица имаат потреба од персонални асистенти. Во Велес треба да се развие ваков сервис на локално ниво. Родителите бараат одмена бидејќи тие имаат обврски на работа, некои се веќе на возраст кога не можат толку да е вложат во грижата на нивните деца. Тие пак бараат ново друштво, бидејќи се секојдневно со родителите    - вели Далиборка Златева  претседател на Здружение на лица со церебрална парализа – Велес. 

Одговарајќи на барањето на Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес, за персонална асистенција, Царовска кажа дека такви лица има но потребно и здружението да го координира проектот.    

Владата  има   програма за персонална асистенција. Секаде каде има потенцијал, да има организација која може да го имплементира, се пуштија персонални асистенти. Ако во Велес има организација која може да биде имплементатор,  и да ги координира персоналните асистенти, имаме средства  да ги воведеме и во Велес - рече Царовска. 

Градоначалникот на Велес, посочи дека во градот има две лица кои може да работат  како персонални тренери.

Како социјално општество мора да изнајдеме  соодветна грижа за нив.  Имаме еден обучен асистент со кој преговараме да се вклучи во проектот. Има и уште едно лице кое работи во Скопје а сака да се врати во Велес. А имаме голем интерес - рече Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »