речник контакт

Пет угостителски објекти од Велес затворени од УЈП

Сите тие не го регистрирале готовинскиот промет, поради што ќе платат парични казни

Петар Печков

Во саботата вечер во Велес, имаше заедничка акција  на МВР, УЈП и Државниот инспекторат. Целата на контролите било работењето на угостителските објекти, почитувањето на законот за пушење, присуство на малолетници, работното време, регистрирање на готовински промет. УЈП од 13 извршени контроли, затворила пет угостителски објекти, кои се и парично казнети.   

Во рамките на заедничките контроли на МВР, УЈП и Државниот инспекторат во Велес, од страна на УЈП спроведени се вкупно 13 даночни контроли, од кои во 5 угостителски објекти откриени се неправилности во делот на регистрирање на готовинскиот промет. На даночните обврзници изречена им е времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот во траење од 15 дена и глоба од 750 до 3250 евра во денарска противвредност – информираа од УЈП. 

Координираните контроли на трите институции кои се спроведуваат на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници, кај кој пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »