Петар Печков
Објавено: вторник, 16 октомври 2012
Македонската музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска. Неговите сопатници Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевски се здобија со телесни повреди.
Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“- верзија на српски јазик (2004), „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“- хрватска верзија (2007), а изведуваше и голем број странски хитови.
Тоше беше амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, а постхумно е прогласен за почесен граѓанин на Македонија. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево.
Tweet |