речник контакт

Пет години затвор за криумчарење на 73 мигранти за жител на Бузалково

Дритан Мустафов кој мигрантите ги превезувал во камион, го признал делото и се покајал за стореното

Петар Печков

Жител на велешкото село Бузлаково,  доби  пет години затвор за кримчарење на мигранти, пресудата е правосилна.   Дритан Мустафов (37 год)  од село Бузалково. го признал делото за кое се товари, се покајал за стореното  па во Основен суд Скопје еден   е прогласен за виновен и му е изречена казната затвор, во траење од пет години.

Апелација ја одбила неговата жалба за висиаата на казната, па истата е правосилна. На Мустафов му е одземен и камионот со кој го вршел превозот. 

Настанот се случил на 2-ри  јули 2016-та,  утрото околу  6 часот. Полициска патрола на локалниот пат од село Речица- село Ваксинце, при контрола на камион „Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од Дритан Мустафов од Велес, биле пронајдени 73 мигранти.  Лицата биле  од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш  а Мустафов  кој ги превезувал за одреден паричен надоместок.

Ова е највисоката бројка на мигранти, 73 во еден камион,  откриени при нивно криумчарење во Македонија.  Претходно жител навелешкото   село Сливник, Метин Муса (27 год), откако беше фатен како криумчари 33 мигранти - од Иран, Ирак и Либија, доби една година затвор. Тој беше фатен на  локалниот пат Орланци - Никуштак на 8-ми јануари  2016-та година.  Ги превезувал со камион мрака ,,мерцедес,, .

фотографиите се од откривањето на криумчарењето на групата од 73 миграни

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »