речник контакт

Пет години се криел,за да добие три години затвор

Велешанецот Едиповски е осуден оти кај него дома е пронајдено нелегално огнено орујже и муниција

Петар Печков

Велешанецот Енвер Едибовски (37 год) доби три години затвор затоа што нелегално  дома чувал оружје, муниција и експлозивни материи. Фатен е откако по пет години се вратил во Македонија.

Тој беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес  за дело кое го сторил во 2009-тата но сега беше уапсен, откако се симнал од планина. Подолго време бил недостапен, а од страна на МВР бил уапсен  на 16 април годинава, кога се вратил од Албанија каде работел како дрвосечач. 

Според обвинението на  11 октомври 2009 година во неговиот  дом во Велес биле пронајдени  сокриено  германски пиштол  26,5 мм. со дополнително заварени цевка и дршка, 14 куршуми  од 16 мм., една рачна бомба и оружје за светлосно -звучна сигнализација -еден топовски удар модел М-81.

Со ова Едибовски  сторил кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје,,  за што доби три години затвор. Тој го признал делото и изразил каење за стореното. Притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »