речник контакт

Пет дена Велес ќе танцува во изворен ритам

Од вторник до сабота јубилејниот 10-ти Меѓународен Фолклорен фестивал

Петар Печков

Со учество на 19 фолклорни ансамбли, од кои девет се од странство од вторник до сабота Велес ќе биде домаќин на 10-тиот Меѓународен Фолклорен фестивал.  На сцената во Амфитеатарот во Младински парк  националните игрите и танците ќе ги претстават  македонски ансамбли и гостите од Украина, Литванија, Романија, Полска, Босна и Херцеговина и по два од Турција  и Србија.

Верувам дека со оваа богата понуда и со програмата која е сплет на најубавите фолклорни бисери на народите, во овие пет фестивалски вечери ќе уживаме во колоритот  на песната и играта.  Ја поканувам  публиката во овие летни ноќи на уште едно големо патување низ димензиите на фолклорот, бидејќи тука кај нас во Велес овие пет дена се слева музиката на Европа – рече Томе Јаневски претседател на организациониот одбор.

Започнува  во 19,30 часот со дефиле на учесниците по  главните градски улици. Во изминатите девет години на Фолклорниот фестивал настапиле 55 странски ансамбли со две илјади гости. Фестивалот финансиски е  помогнат од Министерството за култура и општина Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »