Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2016
Пет кражби на ракија е регистрирано во последните три месеци, првиот од годинава, јануари и последните два од лани, ноември и декември. Ова се бројките кои ги соопштија од велешката полиција.
Според нивните статистики нема зголемен број на кражби на ракија и споредбено 2015-та со 2014-та е нема зголемување, нема наплив на кражби на ракија. Слична е состојбата и во Полициските станици кои ги покрива СВР Велес, во Кавадарци четири, Неготино исто така 4 и Демир Капија еден случај.
Во овој период од три месеци во велешко се украдени 480 литри ракија, кавадаречко 130, неготинско 170 и во Демир Капија 150 литри од овој алкохолен напиток. Ракијата се краде од дома, од викендички, подруми и од помошни простории. Од СВР Велес додаваат дека работат на разоткривање на сторителите, дел се расветлени и пронајдена е одземената ракија и вратена на сопствениците.
Пред некој ден во Основниот суд во Велес на Благој Цветков доби три години затвор за 20 литра ракија. Таа е изречена како на обвинет, кој веќе има други казни затвор. Остана запишано кражбата од крајот на јануари, кога од викендичка кај Караслари беа украдени 350 литри ракија а сторителот засега не е пронајден.
Tweet |