речник контакт

Пет месеци затвор за лице кое предизвика пожар кај Горно Оризари на 21 јули

С.Ц. на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил

Петар Печков

Пет месеци затвор доби 25 годишниот жител на Горно Оризари С. Ц. за предизвикување на пожар.  Обвинетиот ги признал делото, по што судија на Основен суд Велес го прогласил за виновен и му изрекол затворска казна. Нему му е продолжен притворот. С.Ц. беше обвинет за  кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.

„Обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села. Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава“- кажа обвинителката Анасасија Миланова во нејзиниот завршен збор.

Според обвинението С.Ц. на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил и зафатил голема површина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »