Петар Печков
Објавено: вторник, 01 октомври 2013
Полициската станица Велес доби пет возила „Шевролет Спарк“ со што значително се обнови возниот парк и истите се ставаат во функција за потребите на полициските станици при секојдневното извршување на полициските активности.
Возилата се целосно опремени со светлосна и звучна сигнализација и имаат вградено најсовремена полициска опрема.
Со новите возила ,,шевролет спарк,, полицијата ќе има можност за подобрување и зголемување на квалитетот и ефикасноста на нејзиното работење.
Овие 5 возила се дел од 100-те кои се набавени за потребите на МВР, која ги отстапи на ПС Велес
Tweet |