Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 септември 2022
Од 17 септември до 1 октомври, во Велес ќе се одржи 19-тото издание на Фестивалот на античка драма „Стоби 2022“. И годинава организатор е велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот“, каде ќе бидат изведени сите претстави од програмата и придружните содржини. За ова денес на прес конференција информираше директор на театарот Сашо Димоски.
„За две седмици предвидени се 25 настани кои ќе се обединат под мотото „Во нови слики“. По секоја од петте претстави од официјалната програма, ќе има тркалезна маса , заедно со авторите и изведувачите. Ќе има и две работилници, за професионални актери и ученици, во рамките на придружните програми. Предвидена е и изложба на театарски фотографии „Маски“ на авторство на Филип Цветковиќ од Србија. Жири комисијата која ќе одлучува за четирите награди, Дејан Дамјановски режисер, Билјана Пројковска Драгичевиќ, Ѓорѓи Јолевски. Тие ќе имаа свое претставување пред публика со нивни дела, „Последната лента на крап“ на Јолевски, „Кармен“ на Драгичевиќ Пројковска и Херои 4:33 на Дамјановски. Нудиме поразлична програма, богата со настани, за публиката од сите генерации. Амфитеатарот во Стоби е во фаза на конзервација и реставрација и затоа таму не е можно да настапуваме. Кога ќе завршат тие активности, ќе се вратиме на локалитетот“ - изјави Димоски.
Во конкуренција за награди се претставите:
„Антигона„ на Белградско драмско позориште
„Ифигенија“ копродукција на Центар за култура Бијело поље и Центар за култура Колашин и Корифеј театарот
„Одисеј“ Драмски театар Масалитинов од Пловдив
„Еден Едип“ на народно позориште од Ниш
„Пандорината кутија“ копродукција на Медиа артис и Ришард Ниечим од Канада
Во придружна програм се претставите:
„И Боговите јадат тирамису“ на Софија Петрушевска, танц перформансот „Популус“ на Филип Петковски, танц перформансот „Зад очите на Касандра“ на Адријана Дамчевска
како и танц филмот „Дома“.
Во чест на лауреатите, на сцената на Велешкиот театар свој настап ќе има Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, на музика на Калиопи, кореографија на Олга Панго и либрето на Сашо Димоски.
Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Велес со 1,5 милиони денари и од Министерството за кутлура со еден милион денари.
Tweet |