Петар Печков
Објавено: петок, 30 декември 2011
СВР Велес ги иоформира граѓаните дека на 31.12.2011 година со почеток од 18,00час. поради одржување на Новогодишната прослава ќе има изменет режим на сообраќај, односно улицата 8 ми Септември ќе биде затворена за сообраќај и истиот ќе биде пренасочен по улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Изменетиот режим на сообраќај ќе биде до утринските часови на 01.01.2012 година. Се молат граѓаните да се придржуваат кон поставената сигнализација.
Полицијата апелира до сите граѓани, за време на прославување на Новогодишните и Божиќните празници да се воздржат од употребата на пиротехнички и распрскувачки материи, со цел спречување на несакани последици кои можат да настанат од нивна употреба. Експлозивните материи да не бидат дел од Вашиот начин на прославување и одбележување на овие празнични денови, токму поради тоа што истите можат да нанесат трајни штетни последици за лицето кое ги употребува, но и за лицата кои се во непосредна близина.
Со оглед на тоа дека за време на празниците зголемено е консумирањето на алкохолни пијалоци, ги советуваме и апелираме до граѓаните да се воздржат од управување моторно возило под дејство на алкохол, повторно со цел, да спречат настанување на несакани и штетни последици.
Секторот за внатрешни работи Велес на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, со желби за благодет и добро здравје.
Tweet |