Петар Печков
Објавено: вторник, 22 декември 2015
Со показна вежба во Младинскиот парк, на децата и учениците им беше практично покажана лошата страна од употребата на петардите. Повреди кои можат да се здобијат од нивната употреба како и лицата од околината, штетните последици беа покажани во пракса.
Последици од употребата на петарди се регистрираат периодот пред Нова Година. Оштетени прсти, раце, шака се регистрирани во Медицинскиот центар. Има штетност и врз слухот тоа делува стресно врз останатите кои се во близина. Штетно е и вдишувањето на честичките од експлозијата - рече Верољуб Додевски началник на отсек за превенција при СВР Велес.
На показна вежба учествуваа подмладокот на Општинскиот Црвен крст и претставници на пожарникарите.
Петарди не смеат да се користат. Но и ако се случи тоа да биде надвор, никако во домот, станот и секогаш во присуство на родителите или возрасни - рече Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес.
Tweet |