речник контакт

Петмина велешани во новиот состав на Парламентот

Во досегашниот три децениски период на постоење на повеќе партискиот парламент во Македонија, не се случило во неговиот состав да има толку велешани

Петар Печков

Во новиот состав на републичкиот парламент, избрани се и петмина велешани.

Тоа се Ненад Коциќ од коалицијата Можеме предводена од СДСМ, Игор Здравковски од коалицијата Обнова, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и Игор Јанушев генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој беше носител на листата во ИЕ 3, Љупчо Пренџов како претставник на политичката партија ГРОМ во коалицијaта  Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран од ИЕ 1 и Димитар Апасиев неформалниот лидер на политичката партија Левица, кој беше носител на листата во ИЕ 1.

Интересен е податокот дека Игор Здравковски, Игор Јанушев, Љупчо Пренџов и Димитар Апасиев се родени во 1983-та година. 

Во досегашниот тридецениски период на постоење на повеќе партискиот парламент  во Македонија, не се случило во неговиот состав да има толку, петмина велешани.

Во првиот мандат 1990-1994- пратеници беа Никола Стојанов и  Јован Николов од СКМ-ПДП,  Ташко Киров и Зоран Китев од ВМРО-ДПМНЕ, 1994-та 1998-ма имаше четворица пратеници од Велес, Милчо Трајков, Јован Николов, Пецо Стојановски и Аце Коцевски,сите од СДСМ оти опозицијата ги бојкотираше изборите.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »