Петар Печков
Објавено: петок, 09 октомври 2020
Нови пет случаи на лица позитивни на ковид-19, регистрираше Министерството за здравство во Велес, има и петмина оздравени. Така бројот на активни случаи во велешко е 36 лица.
Од новите случаи, тројца се заразени од членови на семејство, една е вработена во Кавадарци а друга жена работи во Скопје. Петте оздравени се од домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје.
Досега во велешко има 357 регистрирани случи, 305 се оздравени а 16 починати. Откако вчера министерот за здравство Филипче кажа дека Инфективното одделение од велешката Болница е полно, и имаше 30 пациенти, денес бројката е 26 лица.
23 се потврдено позитивни а тројца се сомнителни. Четворица пациенти се испишани по два негативни резултати од земениот брис. Пациент на 56 годишна возраст, во договор со фамилијата, поради влошена состојба е префрлен на Клиниката на Жан Митрев - кажа д-р Весна Николовска, Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
фото Оливер Зографски
Tweet |