Петар Печков
Објавено: среда, 08 февруари 2023
Петмина велешки пожарникари заминуваат за Република Турција, во регионот кој завчера го потресе силен земјотрес од 7,8 степени.
Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров кои дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.
„Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на пријателскиот турски народ“- соопштија од Општина Велес.
.
Нашите мисли ќе бидат со Вас,помогнете и Ве чекаме назад во добро здравје, сите на број.
Tweet |