Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 декември 2019
Саботата кон неделата ноќта, полицијата проверувала, дали возачите возеле под дејство на алкохол. Во Велес за шест часа биле констатирани пет прекршока, во Битола 11.
Во периодот од 23 часот на 21-декември до 5 часот на 22 -декември на подрачјето на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, спроведена е локална акциска контрола за управување на возила под дејство на алкохол и притоа се откриени пет прекршоци - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Против возачите ке биле поднесени соодветни пријави, најавија од полицијата.
Иста ваква акција викендов била спроведена во Битола, каде 11 возачи биле под дејство на алкохол.
Tweet |