Петар Печков
Објавено: вторник, 28 март 2023
Голем интерес да се пополни местото за јавен обвинител на подрачјето на OJO Велес. За едно распишано слободно место, по конкурс се пријавиле пет кандидати, еден кандидат од Велес, двајца од Скопје, едно од Штип и едно од Сливник, сите се со завршена академија за обвинители.
Вo ОЈО Велес има шест обвинителки. Ваков голем интерес има и за пополнување за едно слободно место во ОЈО Гостивар каде се шест кандидати. Додека во градови како Куманово, Битола, Охрид, Прилеп, Штип има по еден или двајца кандидати за јавен обвинител.
Изборот го врши Советот на јавни обвинители.
Tweet |