речник контакт

Петмина ново заразени во Велес, четворица оздравени

Вчера имаше регистриран уште еден случај на корона вирусот, и двајца оздравени

Петар Печков

Во Велес изминатото деноноќие регистрирани се пет нови случаи на заразени со ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче а вчера беше регистриран еден случај.

Денес има четворица оздравени а вчера двајца, чии два последователни тестови на земените брисеви покажале дека се негативни. Со ова бројката на активни случаи на ковид-19 во велешко се 48 а досега заразени се 119 лица. 

Од Центарот за јавно здравје додаваа дека двајца од денес позитивните со корона вирусот се лица кои припаѓаат на кластерот на голема фабрика во Скопје каде секојдневно патуваат повеќе велешани  а други двајца се на друг кластер исто така од Скопје, за кого допрва ќе се истражува.

На инфективното одделение од велешка Болница има 22 пациенти од нив 20 се позитивни на ковид-19 а две лица се со симптоми  и треба да им се земат брисеви.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »